Официјални лица запознаени со договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас споделија дополнителни детали со „Ројтерс“.
Се чини дека договорот има три фази, од кои првата трае шест недели. Оваа фаза вклучува постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.
Договорот предвидува дека за време на прекинот на огнот, секој ден ќе им биде дозволен влез на 600 камиони со хуманитарна помош во Газа, од кои 300 ќе бидат наменети за северот. Хамас посетепно во првата фаза ќе ги ослободуваа заложниците, во замена за палестински затвореници.
Овој договор ќе им овозможи на стотици илјади раселени луѓе во градот Газа и јужниот дел на Газа да се вратат во своите домови, села и градови.
Исто така, се очекува договорот да вклучи влез на 50 цистерни со гориво за напојување на болниците, поправка на електрани, обновување на канализационите и водоводните системи и започнување со решавање на сите проблеми со кои луѓето се соочуваат повеќе од една година.
Се очекува наскоро договорот да биде објавен.