Додик му честита на Лукашенко за уште една победа на претседателските избори

dodik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Република Српска Милорад Додик му ја честиташе победата на Александар Лукашенко на претседателските избори во Белорусија, што е седми мандат на белорускиот претседател.


„Поддршката што народот на Белорусија ви ја покажа на изборите ќе придонесе за политичката и економската стабилност на земјата“, рече Додик во честитката објавена на платформата Х.

Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија, актуелниот белоруски претседател Александар Лукашенко доби нов мандат на вчерашните претседателски избори со околу 87,6 отсто од гласовите, додека останатите кандидати добија меѓу еден и три отсто од гласовите, јавуваат белоруските медиуми.

Официјалното пребројување на гласовите уште е во тек. Сепак, традиционално, излезните анкети се речиси идентични со подоцнежното објавување на резултатите од изборната комисија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK