Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска пристигна во посета на Северна Кореја, јавија руските новински агенции Интерфакс и ТАСС.
Тоа е уште едно од патувањата од висок профил истиот ден кога Владимир Путин е во Пекинг, а американскиот претседател Џо Бајден е во Израел.
Лавров ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Пјонгјанг, Чое Сон Хуи.
Во последните денови Лавров го придружуваше рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Пекинг и имаше средби со неговиот кинески колега Ванг Ји.
Путин е исто така поканет да ја посети Северна Кореја, но временската рамка за потенцијална посета треба да се договори преку дипломатски канали, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој не ја исклучи множноста дека прашањето може да се забрза за време на работната посета на Лавров на Пјонгјанг.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун минатиот месец беше во официјална посета на Русија, првата земја што ја посети по пандемијата на ковид.