Деветмина повредени во масовно пукање во Вашингтон

policija-amerika
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пукање во Вашингтон повредени се девет лица, меѓу кои и девет-годишно дете и 17-годишен тинејџер, додека го прославувале Денот на независноста, 4 јули.

-Сите девет лица кои беа повредени во раните утрински часови се здобија со повреди кои не се опасни по животот по пукањето во близина на улицата „Мид“ во североисточен Вашингтон, изјави помошник началникот на полицијата Лесли Парсонс, пренесе Си-Ен-Ен.


Тој во видео изјава рече дека истрелите биле испукани од темен џип што се движел по улицата „Мид“.

Според него, полицијата била алармирана за пукањето нешто пред еден час по полноќ.

Иако Парсонс рече дека луѓето биле застрелани, тој не прецизираше дали сите девет повредени лица се здобиле со прострелни рани.

Некои од повредените се пренесени со брза помош во болниците, додека други сами отишле да добијат помош, рече тој, додавајќи дека полицијата трага по темен џип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK