Детали за трагедијата во Швајцарија: петмина загинати биле членови на исто семејство, се трага по шестиот скијач

г-1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Петмина од шесте скијачи кои исчезнаа за време на скијачката турнеја во Швајцарија и беа пронајдени мртви се членови на исто семејство, објави  Ројтерс.


По еден скијач, кој бил во истата група, но не припаѓа на ова семејство, се уште се трага, јавува Н1.

Скијачите исчезнаа во саботата околу планината Тет Бланш (3.706 метри), која се наоѓа меѓу Зермат и Арола, во близина на планината Матерхорн, на границата меѓу Швајцарија и Италија. Група скијачи тргнаа на крос-кантри турнеја во областа.

Телата беа пронајдени во областа Тет Бланш во неделата, соопшти полицијата. Скијачите се на возраст од 28 до 58 години. Петмина од загинатите се членови на исто семејство од кантонот Вале, додека шестиот е скијач од кантонот Фрибург.

Полицијата не го откри идентитетот на загинатите скијачи.

Зермат е популарна планинска дестинација позната по скијањето што привлекува туристи од целиот свет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK