Детали за смртта на Србинот на Халкидики: Горан скокнал во морето за да спаси човек


more-branovi-depositphotos_567184766_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одморот што требаше да биде спомен за цел живот се претвори во црн ден за семејството Комазец од Белград. 56-годишниот Горан Комазец трагично го загуби животот на познатата плажа во Сарти, а неговиот последен чин на овој свет беше чин на најголема човечност, храброст и несебичност, објавуваат српските медиуми.


Горан уживал во сончевиот ден на плажата со сопругата и малолетниот син, кога се слушнал очаен повик за помош. Непознат човек беше одвлечен од брегот од силната морска струја.

Како што пренесуваат српските медиуми, Горан не се двоумел и веднаш влегол во разбранетото море со својот син.

Според неофицијални информации, срцето на Горан не можело да издржи брзото влегување во ладната вода. Се претпоставува дека доживеал срцев застој поради шок и напор.

Иако спасувачите и лекарите реагирале и брзо го извлекле на брегот, а потоа итно го пренеле во болница, немало спас за 56-годишниот маж од Белград. Лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK