Детали од договорот со ВАГНЕР кој стави крај на бунтот

Vagner 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Доцна на 24 јуни, Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, откри детали за договорот со кој се стави крај на обидот за бунт на Евгениј Пригожин и на дел од единиците на Вагнер што го поддржуваа.

Според Песков, кривичното дело што го отвори ФСБ против Пригожин ќе биде стопирано и тој ќе ја напушти Русија.


Портпаролот откри дека Пригожин „ќе оди во Белорусија“. Тој не објасни што ќе прави таму јавниот основач на Вангер.

Борците на Вагнер кои го поддржуваа Пригожин нема да бидат прогонувани, земајќи ги предвид нивните постапки за време на тековната специјална операција во Украина.

На изведувачите на ПВК кои одбија да учествуваат во обидот за бунт (коментар на СФ: поголем дел од единиците на Вагнер) ќе им биде дозволено да потпишат договори со руското Министерство за одбрана, изјави Песков.

Во моментов, единиците на Вагнер се враќаат во нивните теренски кампови, според најавата на Пригожин и видеа, фотографии кои се појавуваат на интернет.

На 24 јуни, единиците на Вагнер кои го поддржуваа Пригожин го зазедоа штабот на јужниот воен округ на Русија во градот Ростов-на-Дон и почнаа да се движат кон Москва. Во текот на денот се случија спорадични судири меѓу руските безбедносни сили и единиците на Вагнер.

Обидот за бунт беше запрен во втората половина на 24 јуни. Споменатиот договор беше постигнат по разговорите меѓу Пригожин и белорускиот претседател Александар Лукашенко. Разговорите беа договорени со Владимир Путин. Извештаите велат дека учеството во овие разговори било иницијатива на Лукашенко.

Од првата половина на 25 јуни, руската федерална агенција за патишта, Росавтодор, за новинската агенција ТАСС изјави дека повеќето ограничувања за патување по патишта и автопати се укинати. Остануваат одредени ограничувања на автопатот М4 што ги поврзува Москва и градовите на југот на Русија.

Ситуацијата во Ростов на Дом останува мирна. Единиците на Вагнер го напуштија градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK