Портпаролот на израелската армија денеска објави дека Хамас ја префрлил контролата на некои заложници во Газа на други терористички групи.
Истовремено, тој посочи колку е страшна ситуацијата во која децата и бебињата помлади од една година се држени во заробеништво на Хамас повеќе од 50 дена.
„Некои беа третирани како плен, а во одредени случаи префрлени на други терористички организации во Појасот Газа“, напиша тој на платформата X.
It’s 10:30 PM in Israel, and while I long for sleep, peace eludes me.
As I gaze into my children’s room, I see them sleeping peacefully. But Kfir and Ariel are not at home; they’re still held captive by Hamas. I can’t rest until they’re safely returned. #BringBackOurFamily pic.twitter.com/q9FxDBUejU— shay fleishon 🧬 (@shay_fleishon) October 13, 2023
Израелската војска соопшти дека семејството Бибас – родителите Јарден (34) и Шири (32) и нивните два мали сина, на возраст од 10 месеци и четири години – биле меѓу заложниците што им биле предадени на други терористи. Се верува дека тие се користат за продолжување на сегашниот договор за прекин на огнот, иако не е јасно каде точно се наоѓаат и каква е нивната состојба.
Семејството беше киднапирано од член на Хамас од нивниот дом во кибуцот Нир Оз за време на терористичкиот напад на 7 октомври и предадено на друга палестинска фракција во Кан Јунис, град во јужниот дел на Газа познат како упориште на Хамас.
Семејството Бибас, особено бебето Кфир, стана еден од најпрепознатливите заложници – видеата на кои се гледа теророт и траумата што ја доживеа семејството станаа вирални набргу по киднапирањето.
Ниту еден член на семејството Бибас досега не е ослободен во размената на затвореници, а трансферот во друга терористичка група ги уништи надежите за нивно ослободување за време на дводневното продолжување на примирјето, при што Хамас има намера да ослободи уште 20 израелски заложници во замена за 60 палестински затвореници.
И покрај дипломатските напори што резултираа со ослободување 11 израелски деца и мајки од заробеништво на Хамас во понеделникот вечерта, девет израелски деца и тинејџери, вклучително и оние на семејството Бибас, остануваат заложници во Газа по четвртиот ден од прекинот на огнот. Продолжувањето на примирјето за уште два дена има цел да ги олесни понатамошните преговори и потенцијалните ослободувања.