Автобус што превезувал работници од компанијата за производство на облека „Индитекс“ денеска се превртел и се заглавил во речиси вертикална положба на влезот во тунел за автопат во североисточна Шпанија, а во несреќата се повредени десетици луѓе, соопштија локалните власти.
Во интервју за националната ТВЕ, Хавиер Амор, градоначалникот на Пинеда де Мар, потврди дека автобусот со 48 работници се движел на автопатот меѓу Барселона и Тордер, каде што има фабрика Индитекс, сопственик на модниот бренд Зара, пренесува Ројтерс.
Тројца тешко повредени патници со хеликоптер се пренесени во болница, а 22 лица во тешка состојба и шест полесни повреди се префрлени во локалните здравствени домови, соопшти службата за брза помош.