Денот на Каталонија: илјадници луѓе излегоа на улиците на Барселона барајќи отцепување од Шпанија

Денот-на-Каталонија-илјадници-луѓе-излегоа-на-улиците-на-Барселона.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илјадници поддржувачи на каталонската независност излегоа на улиците на Барселона на марш по повод Националниот ден на тој шпански регион.


Демонстрантите носеа црвени, жолти и сини знамиња „Естелада“ и извикуваа слогани барајќи отцепување на Каталонија од Шпанија, објави Ројтерс.

Тие се собраа на шпанскиот плоштад каде им се обратија лидерите на движењето за независност.

Одѕивот на овогодинешните манифестации беше релативно низок во однос на претходните, пренесува медиумот.

Полицијата процени дека се собрале околу 115.000 луѓе, а организаторите на маршот соопштија дека учествувале 800.000.

Посетеноста е помала во последниве години, бидејќи поддршката за отцепување од Шпанија е намалена, според Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK