Дел од кран падна од зграда во Флорида, едно лице загина, тројца се повредени

д.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а три се повредени кога дел од кран падна од зграда во изградба на мост во американскиот град Форт Лодердејл, Флорида.


Градежен работник загинал по падот, а дел од кранот паднал врз автомобил, при што биле повредени три лица, соопштија властите, повикувајќи се на Ројтерс.

Двајца од повредените се пренесени во болница, додека на третиот укажана е помош на лице место.

Засега не е познато што го предизвикало падот на кранот.

Истрагата е во тек, а мостот е затворен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK