„Дејли мејл“: Британски товарен брод потона по судир со друг брод кај Германија: се трага по исчезнатите

„Дејли-мејл-Британски-товарен-брод-потона-по-судир-со-друг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британски товарен брод потона откако утринава се судри со друг брод во Северното Море кај германскиот брег, а неколку лица се водат како исчезнати, додека спасувачите очајнички трагаат по преживеани.


Бродовите „Полеси“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни состојби.

Еден од бродовите „Верити“, кој пловел под британско знаме, потонал, пишува „Дејли мејл“.

Од командата за итни случаи соопштија дека едно лице е извлечено од водата и дека му е укажана лекарска помош, а спасувачите трагаат по уште неколку лица кои се исчезнати.

Се вели дека бродот тргнал од Бремен, Германија кон англиското пристаниште Имингем.

Другиот брод, „Полесие“, кој пловел под бахамското знаме, останал да плови со 22 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK