Дефект на авионот на Трамп: Светлата се изгаснаа по полетувањето, па се врати во САД


13468688.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Ер Форс Уан“, во кој се наоѓаше претседателот Трамп, мораше да се врати во Мериленд кратко по полетувањето поради, како што изјавија претставници на Белата куќа, „мал електричен проблем“. Авионот се упатил кон Давос, Швајцарија, а Трамп го продолжил своето патување со друг авион околу еден час подоцна, објави CBS News.


Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека екипажот забележал „мал електричен проблем“ по полетувањето од заедничката база Ендрус и одлучил да се врати како мерка на претпазливост. „Ер Форс Уан“ слета назад во базата во 23:07 часот по локално време.

Новинарите во авионот забележале дека светлата во нивната кабина се изгаснале кратко по полетувањето, но не било дадено никакво објаснување.

Потоа Трамп се качил на друг авион, кој полетал околу полноќ. Според „Асошиејтед Прес“, авионот е „Ер Форс Ц-32“, модифицирана верзија на „Боинг 757“, кој претседателот вообичаено го користи за домашни патувања и слетувања на помали аеродроми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK