Децата во Велика Британија стануваат пониски, подебели и поболни поради лошата исхрана и сиромаштијата, се вели во извештајот на лондонската добротворна организација The Food Foundation.
Организацијата ја повика следната британска влада да преземе акција за да ја промени моменталната ситуација со лошата исхрана на децата, објави Скај њуз.
Организацијата предупреди дека ако тоа не се стори може да го зголеми притисокот врз јавниот здравствен систем.