Данскиот крал го промени кралскиот грб поради интересот на САД за Гренланд

Grenland2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.


Помалку од една година откако ја наследи својата мајка, кралицата Маргрете, која абдицира на 31 декември 2023 година, кралот Фредерик јасно ја кажа својата намера да ги задржи Гренланд и Фарски Острови во рамките на Данска.

Имено, сега е променет претходниот дански кралски грб на кој се користеа три круни, симболот на Калмарската унија меѓу Данска, Шведска и Норвешка.

Трите круни се отстранети и заменети со поларна мечка и овен, симболизирајќи ги Гренланд и Фарските Острови, пишува Гардијан.

Промената дојде во време на зголемени тензии околу Гренланд, кој сè уште има автономија, но Данска ја контролира неговата надворешна и безбедносна политика.

Трамп минатиот месец повторно рече дека сака САД да го купат Гренланд, додека премиерот на Гренланд, Муте Егеде, ја обвини Данска за геноцид поради истрагата за задолжителната употреба на контрацепција во 1960-тите и 1970-тите.

Исто така, синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, планира да го посети Гренланд денеска, а официјалните лица рекоа дека посетата ќе биде приватна и дека Трамп помладиот ќе се фокусира на снимање материјал за подкаст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK