Данскиот вршител на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен денеска изјави дека Копенхаген може да ѝ донира борбени авиони на Украина, но само доколку САД дадат зелено светло.
На Украина и се потребни авиони, повеќе од кога било, ако сака да ја добие битката. Ова важи и за данските борбени авиони Ф-16, истакна Поулсен.
Данска има 43 авиони Ф-16, од кои 30 се активни, но флотата се заменува со помодерни авиони Ф-35.