Дачиќ: Јас сум за смртна казна

dacic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека референдумот за враќање на смртната казна во Србија „може да помине“, но смета дека е неопходно да се иницираат измени на Уставот, пишува Нова.рс.



„Навистина сум за смртна казна, но мислам дека е тешко да се дојде до таму. Само ако сакаме да го промениме Уставот… Без разлика дали е тоа реално или не, бара промена на Уставот“, рече Дачиќ, коментирајќи го предлогот на претседателот Александар Вучиќ, за воведување на смртна казна за најтешките кривични дела.

Зборувајќи за осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, тој посочи дека „некој треба да им пресуди на таквите монструми и криминалци“.

„Мислам дека обичните луѓе би ги задавиле со голи раце. Овде се поставува прашањето, ако сакаме да одиме на смртна казна, прво треба да тргнеме од Уставот, да го смениме Уставот. За да го смениме Уставот, се знае како се прави тоа“, рече тој.

Тој потсети дека последната смртна казна во Србија е извршена во 1992 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK