Дачиќ: Целта на Приштина е да го намали бројот на Срби на Косово

Ivica_Dacic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека целта на властите во Приштина е што е можно повеќе да се намали бројот на Србите на Косово, да се избрише нивната перспектива и да се создаде свест кај нив дека нема опстанок за нив.


Дачиќ во интервју за „Вечерње новости“ изјави дека тоа се долгорочните цели на косовскиот премиер Албин Курти, кој не обрнува внимание на постигнатите договори во процесот на дијалогот, пренесува „Косово онлајн“.

Дачиќ додаде дека меѓународната заедница првпат дошла до израз кога Курти морал да направи одредени отстапки и да ја укине забраната за српска стока и изјавил дека Курти тоа го направил само затоа што меѓународната заедница го уценувала со статус во некои регионални организации.

Тој посочи дека единствено прашање е дали меѓународната заедница сака да изврши влијание.

„За прв пат сега се случи западните и источните земји, Европската унија, САД, Германија, Русија и Кина да се согласат со предлозите што ги изнесе претседателот Александар Вучиќ“, рече Дачиќ.

Осврнувајќи се на изјавата на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, дека Србија го повлекла писмото во кое се оградила од спорните делови од Охридскиот договор, Дачиќ кажал дека за тоа слушнал од новинските записи и дека нема информации, но посочи дека Србија има јасна политика дека ќе ги спроведе оние делови од договорот со кои се согласила.

„Не се согласивме со деловите од договорот што се однесуваат на статусот на Косово, кои се однесуваат на де јуре и де факто признавање и членство во меѓународни организации. Нашата политика не се смени ни трошка, сите овие години“, нагласи Дачиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK