Цистерни со гориво и гас пристигнаа во јужниот дел на Газа, тврдат Израелците

Портпаролот-на-израелската-армија-„Израел-се-уште-е-во-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири танкери со гориво и уште четири со гас пристигнаа во јужниот дел на Газа, соопштија израелските одбранбени сили. Испораката е дел од привременото примирје договорено меѓу Израел и Хамас.


Иако нема официјална декларација за почеток на четиридневниот прекин на огнот, пристигнувањето на камиони со помош во Газа е знак дека тој е во тек.

ИДФ соопшти дека горивото и гасот биле префрлени од Египет до хуманитарните организации на ОН преку граничниот премин Рафах. „Ова беше одобрено од израелската влада како дел од прекинот на огнот и рамката за ослободување на заложниците, како што беше договорено со САД и со посредство на Катар и Египет“, се додава.

Вчера Хамас објави дека секој ден од примирјето ќе испорачува четири камиони гориво и гас во енклавата. Дополнителни 200 камиони дневно ќе влегуваат во Газа за да достават „помош и медицински материјали“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK