Парис Хилтон на социјалните мрежи објави видео од остатоците од нејзиниот дом што изгореа во разорниот пожар во Лос Анџелес.
Парис ги растажи своите следбеници со видеото од нејзиниот дом на плажа во Малибу, за кое платила повеќе од осум милиони долари во 2021 година.
View this post on Instagram
Невиден пожар во Лос Анџелес и ја уништи куќата, а наследничката на богато семејство и се обрати на јавноста со емотивни зборови.
„Стојам овде во она што некогаш беше наш дом и срцето ми е скршено. Кога првпат ја видов веста, бев во целосен шок – не можев да ја прифатам. Но, сега, додека стојам овде и гледам со свои очи, се чувствувам како срцето да ми се скрши на милион парчиња. Домот не беше само место за живеење – тоа беше место каде што сонувавме, се смеевме и ги создававме најубавите спомени како семејство. Тоа беше место каде што малите раце на Феникс создадоа уметност што ќе ја негувам засекогаш, каде љубовта и животот го исполнија секој агол. Да се види како се претвора во пепел, поразително е и неописливо.Толку многу луѓе изгубија сè. Не се само ѕидовите и покривите – спомените се тие што ги направија овие куќи домови. Ова се фотографии, спомени, незаменливи делови од нашите животи“, напиша таа и додаде дека и покрај се, се чувствува благословена што нејзините најблиски се безбедни.