Човекот на Трамп за Украина пристигна во Киев


Screenshot-2025-07-14-100829.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, пристигна во Киев денеска за да разговара за безбедноста и санкциите против Русија, изјави шефот на претседателската администрација на Украина, пренесува Ројтерс.


„Одбрана, зајакнување на безбедноста, оружје, санкции, заштита на нашите луѓе, зајакнување на соработката меѓу Украина и САД – има многу теми за дискусија“, напиша Андриј Јермак на апликацијата Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот синоќа изјави дека им наложил на воените команданти да му презентираат на Келог информации за руските капацитети и украинските перспективи.

Келог, исто така, ќе се сретне со раководителите на безбедносната служба и разузнавачките агенции на Украина, додаде Јермак.

„Преговорите за понатамошна поддршка ќе се водат во текот на целата недела“, рече Зеленски, додавајќи дека сака САД целосно да разберат што може да се направи за да се „присили Русија на мир“.

Трамп вчера изјави дека ќе испрати противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина бидејќи тие се потребни за одбивање на зголемените руски напади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK