Четирите жртви од луксузната јахта што потона кај Сицилија починале од задушување

italija-nurkaci-jahta.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот преглед на телата на четирите лица кои загинаа кога луксузната јахта на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч потона крај Сицилија минатиот месец, покажа дека тие починале од задушување кога им снемало кислород на бродот, се дознава од судски извори.


Линч, неговата ќерка Хана, готвачот и четворица гости загинаа кога 56-метарската јахта Bayesian потона во силна бура во близина на Палермо, на 19 август.

Првичните резултати од обдукцијата на четирите жртви, претседателот на банката „Морган Стенли интернационал“, Џонатан Блумер, неговата сопруга Џуди, адвокатот Крис Морвил и неговата сопруга Неда, сугерираат дека тие починале од задушување кога останале заробени на бродот.

Наредени се дополнителни форензички тестови и резултатите се очекуваат за неколку недели, велат изворите. Аутопсиите на телата на готвачот Рекалдо Томас и Мајк Линч ќе бидат извршени утре, а на Хана во сабота.

Телата на загинатите, освен готвачот, беа пронајдени во кабини на левата страна на бродот, каде што можеби ги барале последните воздушни џебови, изјави минатиот месец шефот на противпожарната служба на Палермо. Капетанот на бродот Џејмс Катфилд и членовите на екипажот Тим ​​Паркер Итон и Метју Грифитс се под истрага од италијанските власти за можно убиство од небрежност и бродолом.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK