Полицијата во Намибија ја истражува смртта на четири деца кои си играле во празен стар замрзнувач во североисточниот регион Замбези.
Децат на возраст меѓу три и шест години биле пронајдени вчера попладне во замрзнувачувачот за длабоко замрзнување, јавува Би-Би-Си.
Трагедијата се случила во густо населената област на градот Катима Мулило.
Полицијата смета дека децата случајно биле заробени додека си играле и се задушиле, но истрагата е во тек. Две од четирите деца се задушиле во замрзнувачот, додека две починале во болница.
Двете деца кои итно биле пренесени во блиската државна болница Катима Мулило, биле прогласени за мртви по пристигнувањето, објави веб-страницата на телевизијата Ен-Би-Си.
Не е јасно зошто скршениот замрзнувач бил оставен пред семејната куќа каде што умреле децата.