Дваесет и четиригодишниот чешки студент Давид К. уби повеќе од 15 и повреди најмалку 24 лица на својот универзитет во Прага пред да биде елиминиран, соопшти чешката полиција.
„Имаме многу свежи непотврдени информации од профил на социјалната мрежа дека наводно бил инспириран од терористички напад во Русија што се случи неодамна“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек пред новинарите, додавајќи дека напаѓачот легално поседувал неколку огнени оружја.
„Тоа бил однапред испланиран ужасен чин кој почнал во областа Кладно и, за жал, заврши тука“, додаде тој.
Се истражува дали напаѓачот е убиен од полициски куршум или си го одзел животот, изјави Вондрашек.
Полицијата го спречи пристапот до плоштадот и просторот до зградата на карловиот универзитет, кој се наоѓа во центарот на градот, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост.