– Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров најави распоредување на војници за поддршка на Кремљ против, како што рече, вооружениот бунт на платеничката група Вагнер, јави ДПА.
„Борците од Министерството за одбрана и Националната гарда на Чеченската Република веќе заминаа во тензичните области. Ќе сториме се за да ја зачуваме единството на Русија и да ја заштитиме нејзината државност“, напиша денеска Кадиров на својот канал на апликацијата Телеграм.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно имаше излагање на државната телевизија, во кое оцени дека станува збор за вооружен бунт и најави дека ќе ги казни организаторите.
„Го поддржувам секој збор на Владимир Владимирович Путин“, одговори Кадиров. Личните спорови не треба да се решаваат во време на војна, изјави шефот на севернокавкаската република.
Исто како платениците од Вагнер до неодамна, чеченските борци се распоредени заедно со редовната руска армија во војната против Украина.
Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин претходно ја обвини руската воена влас дека ги „уништува“ неговите војници, вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство на Русија и го најави „маршот на правдата“ на неговите војници кон Москва.