Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци бидејќи американските санкции го погодија рускиот енергетски сектор

2-1-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Глобалните цени на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните четири месеци, бидејќи трговците се загрижени дека новиот бран американски санкции насочени кон рускиот енергетски сектор може да го наруши и намали снабдувањето на пазарот.


Според податоците на берзата, цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а цената на американската нафта WTI се движи близу 78 долари.

Соединетите држави во петокот ги воведоа досега најагресивните и амбициозните санкции за руската нафтена индустрија, насочени кон големите извозници, осигурителни компании и голем број танкери, од кои некои наводно се дел од таканаречената „флота во сенка“ која заобиколува постоечките санкции против Москва.

Цените на нафтата се зголемија во последните недели, поттикнати од постуденото време, падот на залихите во САД и шпекулациите дека претставниците на Трамп би можеле да ги заострат санкциите за иранската нафта во наредните месеци, пишува Блумберг.

Пакетот санкции подготвен од администрацијата на Бајден во заминување може дополнително да го наруши пазарот и потенцијално да ја промени пазарната рамка за нафтениот картел ОПЕК +, кој планира постепено да го зголемува производството оваа година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK