Цената на нафтата расте по говорот на Трамп за Иран


nafta-iran-depositphotos_77266661_l.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цената на нафтата од типот „Брент“ продолжува да достигнува нов максимум за време на денешната трговија, а фјучерсите моментално се движат кон 107 долари за барел, што е раст од повеќе од 5 проценти, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши својот говор за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во следните две до три недели.


Фјучерсите паднаа вчера поради надежта дека војната би можела наскоро да заврши, објавува „CBS News“.

Во своето денешно обраќање до нацијата, Трамп рече дека ќе ја заврши својата воена мисија во Иран „многу брзо“, дека досега се постигнати „убедливи победи“, но дека Соединетите Американски Држави ќе го погодат Иран „исклучително силно“ во следните две до три недели.

Во говорот од Белата куќа, тој рече дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и ќе ги таргетираат нафтените постројки ако не се постигне договор со иранските лидери, објавува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK