Цената на нафтата скокна поради конфликти во регионот на Црвеното Море кои се закануваат дополнително да ја нарушат глобалната трговија, пренесува Ројтерс.
Нафтата поскапе за 4 отсто откако Соединетите Американски Држави и Велика Британија соопштија дека извршиле воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите во Јемен како одговор на ракетните напади врз бродови во Црвеното Море, драматична закана за регионалното проширување на израелската војна против Хамас во Газа.
Нафтата „брент“ достигна 80,52 долари за барел, додека цената на барел американската нафта Вест Тексас интермедит (ВТИ) порасна за 4,1 отсто на 74,99 долари.