Цела зграда во Бејрут се урна од силните удари на Израел, има мртви и ранети

bejrut-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два израелски воздушни напади вечерва го погодија центарот на Бејрут, при што се урна цела станбена зграда, изјави за Си-Ен-Ен извор од либанските безбедносни сили.


Според првите информации има најмалку 11 загинати и 48 ранети.

Според лекарите, 14 од 48-те повредени во израелскиот напад во центарот на Бејрут веќе се донесени во Американската универзитетска болница. Сè уште пристигнуваат возила за итна помош.

Една жена надвор од болницата, која не сакаше да биде именувана, рече дека била во зградата до експлозијата и ја слушнала детонацијата. Таа рече дека еден од нејзините роднини се здобил со повреди на главата и се наоѓа во болница каде го шијат, пренесува Би-би-си.

Жената вели дека погодената зграда била целосно станбена, и имала околу четири-пет ката.

Горна Баста, населбата во која беше погодена високата зграда, е густо населена област каде стотици луѓе се засолниле по интензивните израелски напади во јужен Бејрут и други делови на Либан во последните неколку недели.

Израелската армија објави дека ги истражува извештаите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK