­

„Царините се поголем проблем за Американците кои јадат хамбургер отколку за Австралија“, вели економист


Screenshot-2025-04-03-082244.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Царините на претседателот Доналд Трамп од 10% на австралискиот увоз ќе ги погоди Американците кои сакаат говедско месо од сојузникот на Пацификот, изјави за Си-ен-ен, Ричард Денис, извршен директор на австралискиот институт.


Денис објасни дека Австралија и онака не извезува големи количини говедско месо во САД и најверојатно ќе го пренасочи извозот во земји со пониски царини.

„Мислам дека ова е многу поважен ден за американските бургери отколку за австралиската економија“, изјави тој за Си-ен-ен.

„Ако сакаат да платат повеќе за тоа сега… Тоа е нивен проблем, а не на Австралија“, додаде тој.

Тој, сепак, предупреди дека царините ќе влијаат на односите меѓу сојузниците, посочувајќи дека со тоа САД практично го „поништиле“ договорот за слободна трговија со Австралија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK