Бугарија ќе дели велигденски додатоци: Речиси 80 отсто од пензионерите ќе добијат пари


Depositphotos_1644508_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Речиси 80 проценти од пензионерите во Бугарија ќе добијат велигденски додаток, откако владата одлучи повеќе од 1,6 милиони постари лица да добијат финансиска поддршка за празникот, објави Факти.бг.


Како што соопшти бугарскиот министер за труд и социјална политика Хасан Адемов, пензионерите со пензија или вкупни приходи од пензии, додатоци и компензации до линијата на сиромаштија од 390,63 евра ќе добијат по 50 евра.

Пензионерите чии приходи од пензии се движат од 390,64 до 629,20 евра, колку што изнесува минималната плата, ќе добијат по 20 евра велигденски додаток.

„На овој начин Министерскиот совет им помага на најранливите граѓани“, изјави Адемов.

Тој потсети дека во претходните години само околу 33 проценти од пензионерите добивале додатоци за Велигден и Божиќ, бидејќи тие се исплаќале само на лицата со пензии до линијата на сиромаштија.

Според Адемов, сега се проширува кругот на корисници, за да се поддржат и пензионерите со примања до нивото на минималната плата.

Министерот додаде дека средствата потребни за оваа мерка изнесуваат 57,8 милиони евра.

Тој изрази надеж дека идниот парламент ќе ги усвои предложените измени во Законот за социјална помош, со кои поддршката би се проширила и на други ранливи категории, како лицата со попреченост, семејствата со ниски приходи и социјално загрозените граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK