Бубка критикуван за соработка со Русија

sergej bubka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот украински атлетичар во скок со стап Сергеј Бубка се најде под сериозни критики во родната земја дека на извесен начин ја помага руската инвазија врз Украина.

Ова доаѓа откако истражувачкиот портал „Bihus.info, цитирајќи руски документи, објави статија во која се истакнува дека фирмата „Мон Блан“, чии сопственици се Сергеј Бубка и неговиот брат Василиј, продава гориво во Донбас, кој од почетокот на руската агресија во февруари лани се наоѓа под контрола на Русија.


Украинските новинари наведоа дека фирмата „Мон Блан“ почнала да тргува со „руските терористи“ во мај оваа година, додавајќи оти имале увид во „три договори за испорака на гориво за структурите на окупаторот“.

Бубка е првиот светски атлетичар во скок со стап, кој ја прескокна границата од шест метри, а до минатата година беше и претседател на Олимпискиот комитет на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK