Бројот на загинати во поплавите што пред три дена ја погодија источна Шпанија се искачи на најмалку 202 лица во регионот на Валенсија, соопштија денеска регионалните власти.
Најмалку уште три жртви се потврдени во Кастиља Ла Манча и Андалузија, објави Ројтерс.
Ова е најлошата катастрофа поврзана со поплавите во модерната историја на Шпанија, а бројот на загинати сега е меѓу најголемите во една европска земја по поплавите во 1970 година во Романија, во кои загинаа 209 луѓе и поплавите во 1967 година во Португалија, во кои загинаа речиси 500 луѓе.