Властите во Велика Британија превентивно преместуваат 39 баратели на азил од пловечки хотел во јужна Англија, откако во неговиот водовод беше пронајдена бактеријата легионела која предизвикува легионерска болест.
Министерството за внатрешни работи во соопштението наведува дека „ниту едно лице во хотелот немало симптоми на легионерска болест и на барателите на азил им се даваат соодветни совети и поддршка“.
Пред само неколку дена барателите на азил беа преместени во пловечкиот хотел „Биби Стокхолм“ со цел да се намалат државните трошоци за сместување на се поголемиот број луѓе кои бараат азил. Владата очекуваше дека новото сместување ќе може да прими 500 луѓе.
Планот за пловечки хотел во кој ќе бидат сместени барателите на азил беше проследен со спорови и спроведувањето доцнеше, а противниците изразија загриженост за безбедноста на жителите во пренатрупаниот простор.