Британскиот премиер: Упадот со руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки


starmer-i-zelenski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот премиер Кир Стармер утрово остро го осуди рускиот упад во полскиот воздушен простор, нарекувајќи го „екстремно загрижувачки“.


Стармер го опиша нападот врз Украина како „варварски“ и додаде дека тоа е „грубо неодговорен потег на Русија што само го потврдува очигледното непочитување на мирот од страна на Путин и континуираното бомбардирање на невини Украинци“.

Тој рече дека разговарал со полскиот премиер Доналд Туск за да „јасно ја стави на знаење поддршката на Обединетото Кралство“. „Искрено сум благодарен на НАТО и полските сили кои брзо реагираа за да ја заштитат Алијансата“, рече Стармер.

Тој додаде дека Велика Британија, „заедно со партнерите и преку раководството на Коалицијата на волјата, ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Путин сè додека не се постигне праведен и траен мир“.

Фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK