Британскиот премиер Сунак ги повика Русија и Вагнер да ги заштитат животите на цивилите

sunak_5565
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Британскиот премиер Риши Сунак денеска ги повика паравоената група Вагнер и руските сили да дејствуваат одговорно и да ги заштитат животите на цивилите додека ескалираат тензиите меѓу поранешните партнери.

Зборувајќи за Би-Би-Си, Сунак рече дека ќе биде во контакт со лидерите на сојузничките земји, а секако и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.


„Внимателно ја следиме ситуацијата, бидејќи таа се развива на терен додека разговараме“, додаде Сунак.

Тензиите меѓу Москва и паравоената група се зголемија откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите платеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK