Британскиот парламент препорачува санкционирање на експремиерот Борис Џонсон за аферата „Партигејт“

dzonson
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот парламент го одобри извештајот на Комитетот за привилегии на Долниот дом со кој се препорачуваат санкции против поранешниот премиер Борис Џонсон за неговото лажење на пратениците и британската јавност околу неговата улога во аферата „Партигејт“ .

Тој треба да биде казнет за намерно заведување на парламентот за време на пандемијата на коронавирус кога организираше забави, кои беа забранети.


Британските медиуми пренесуваат дека само седум пратеници гласаа против извештајот, додека 354 гласаа за неговото казнување.

Со усвојување на извештајот, на поранешниот британски премиер му е одземена можноста за посебен пристап до парламентот.

Џонсон ненадејно поднесе оставка од парламентот пред нешто повеќе од една недела, откако претходно видел копија од извештајот, нарекувајќи ја истрагата „лов на вештерки“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK