Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила на почетокот на април ќе ги посетат Италија и Ватикан, каде што ќе се сретнат со папата Франциско за да ја одбележат прославата на католичката Света година 2025, соопшти Бакингемската палата.
„Патувањето ќе вклучува посети на Рим и Равена и ќе ги слави силните билатерални односи меѓу Италија и Обединетото Кралство“, се вели во соопштението.
Тоа ќе биде 17-та официјална посета на Чарлс на Италија и прво патување во странство за британскиот монарх оваа година додека продолжува со лекувањето од рак.
Британските медиуми објавија дека тоа ќе вклучува посета на ватиканската Систинска капела и ќе се совпадне со 20-годишнината од бракот на Чарлс и Камила, кои се венчаа на 9 април 2005 година.