Британска мајка на две деца почина за време на операција „Бразилско подигнување на задникот“ во Турција, за која се надевала дека ќе и го промени животот. Фризерката Кајдел Браун (38) од Шефилд, Англија, платила 10.500 долари за операцијата, во која имало затегнување на стомакот и подигнување на градите, пишува „The Sun“.
Нејзината очајна сестра Лине (40), која требалоо да ја направи истата операција, ја критикувала клиниката во Истанбул, за која рекла дека е „место што треба да се затвори“.
Сестрите биле возбудени поради доаѓањето во Турција. Кајдел прва влегла во салата. Лин го чекала својот ред, но Кајдел починала во собата за опоравување.
Лин се присетила како клиниката и ја соопштила потресната вест.
„Таа отиде на операција околу 9:30 и тогаш последен пат ја видов“, изјавила Лин. Ја чекала во собата да се врати. Неколку пати прашала за неа и само ѝ било кажано дека ќе дојде. Потоа дошле тројца мажи и ја замолиле да дојде со нив. Почнале да и објаснуваат дека можни се компликации по операцијата. Таа само прашала дали нејзината сестра починала.
„Извинете, но да“, и кажале. Лин била шокиран. Клиниката, според написите и ги вратила парите за двете операции. Меѓутоа, не и дозволиле да го види телото на сестра си. Во Велика Британија, судскиот вештак и ја соопштил шокантната вест. На телото на нејзината сестра му недостасувале делови од мозокот, белите дробови и срцето.
Портпаролот на британското Министерство за здравство и социјална заштита ги повикал сите сограѓани темелно да ги испитаат квалификациите на лекарот и клиниката каде планираат да одат на операција. ITW News контактирале со спорната клиника во Турција.
„Не се пронајдени докази за повреда на органи. Телото, недопрено, го предадовме на судскиот лекар. Можно е деловите да се извадени при обид да се утврди причината за смртта“, напишале во одговорот, пренесуваат тамошните медиуми.
Британската асоцијација на естетски хирурзи проценува дека за корективни операции заклучно со 2018 година се потрошени речиси 9,7 милиони долари. Вкупно 78 отсто од операциите во Велика Британија биле на лица кои претходно ја направиле процедурата во Турција.