Бретон: ЕУ ќе ја забрза испораката на оружје за Украина

breton
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европска Унија ја забрзува испораката на оружје за Украина за да ја поддржи контраофанзивата на земјата против руските сили, изјави европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон во интервју за францускиот дневен весник „Паризиен“.

– Ќе ги зголемиме нашите напори за снабдување со оружје и муниција, ова е војна со висок интензитет, во која тие играат одлучувачка улога, наведе Бретон алудирајќи на ветувањето за испорака на еден милион муниција од голем калибар во следните 12 месеци.


Според него војната во Украина „ќе продолжи уште неколку месеци или уште подолго“.

Украина започна контраофанзива претходно овој месец за да ја врати контролата врз територијата заземена од руските сили. Претходно американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги повика сојузниците на Киев да вложат максимални напори за да обезбедат повеќе оружје и муниција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK