Судијата на бразилскиот Врховен суд, Александар де Мораес, се закани дека ќе ја забрани работата на платформата X доколку нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск, не прецизира кој е правен застапник на компанијата во Бразил во рок од 24 часа.
Ова е уште едно поглавје од битката меѓу Мораеш и Маск која трае со месеци, наведува АП.
На почетокот на овој месец, Платформата Х соопшти дека „веднаш“ го повлекува целиот преостанат персонал во Бразил, велејќи дека Мораес му се заканил на правниот претставник на компанијата во земјата со апсење, соопшти агенцијата.