Бразилската полиција: Девојката на концертот на Тејлор Свифт почина од топлотна исцрпеност

Бразилската-полиција-Девојката-на-концертот-на-Тејлор-Свифт-почина-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ана Клара Беневидес Мачадо (23), која почина минатиот месец на концертот на Тејлор Свифт во Рио де Жанеиро, починала како последица на топлотна исцрпеност, соопшти денеска локалната полиција.


Во полицискиот извештај се вели дека топлотната исцрпеност довела до кардиоваскуларни и респираторни проблеми, наведувајќи ги „алвеоларната хеморагија и поливисцералната конгестија предизвикана од дифузна изложеност на топлина“ како официјална причина за смртта.

Во соопштението за медиумите таа истакнува дека токсиколошките тестови не покажале присуство на други лекови или алкохол во крвта, пренесува Ројтерс.

Организаторите на концертот, компанијата „Tajм4Фaн“, признаа дека можеле да преземат повеќе мерки за да им помогнат на фановите да се справат со екстремните горештини во Рио де Жанеиро, кои во тој момент достигнаа субјективно чувство од 59,3 степени Целзиусови, пренесува медиумот.

„Тајм4Фан“ истакна дека времето на почетокот на концертот можело да биде одложено, како и дека било потребно да се овозможи влез на стадионот со шишиња вода.

„Претставници на компанијата ќе бидат повикани да дадат појаснување по оваа пријава“, соопшти полицијата која привремено отвори истрага за оваа компанија.

Ана Клара Беневидес Мачадо (23) почина на 17 ноември на стадионот, непосредно пред почетокот на концертот на Тејлор Свифт во Рио.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK