Борисов: Изборите одлучуваат кој е прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее


borisov-epa.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Благодарам за секој глас за ГЕРБ. Му честитам на првиот“, напиша на Фејсбук лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов по завршувањето на изборниот ден.


„Резултатот за нас е јасен и го направивме уште со оставката на кабинетот ‘Желјазков’. Без коалиции и без непринципиелни договори! Да се победи на избори е едно, да се владее е сосема друго. Изборите одлучуваат кој е прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее“, стои во неговиот прв коментар.

Борисов истакна дека ГЕРБ може да функционира и во влада и во опозиција. „И во политиката, како и во животот, потребно е трпение“, додаде тој.

Првиот коментар од штабот на ГЕРБ по завршувањето на изборниот ден го пренесе НОВА.

Партијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев победи на осмите предвремени парламентарни избори во последните пет години, покажуваат излезните анкети од повеќе агенции.

Според податоците на „Алфа рисрч“, „Прогресивна Бугарија“ би освоила 105 пратенички места во 240-члениот парламент. ГЕРБ-СДФ – 46 мандати, ПП-ДБ – 40, ДПС – 24, Преродба – 14, БСП – Обединета левица – 11 пратеници.

Проекциите за распределба на мандати покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ ќе има најголем број пратеници, но без апсолутно мнозинство, што остава отворено прашање за формирање стабилна влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK