Борел: Целта на средбата беше дополнително интензивирање на ангажманот на ЕУ на Западен Балкан

Борељ-Целта-на-средбата-беше-дополнително-интензивирање-на-ангажманот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борељ, денеска соопшти дека целта на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија и земјите од Западен Балкан е дополнително да се интензивира ангажманот на ЕУ во тој регион.


„Целта на министерскиот состанок беше дополнително да се интензивира ангажманот на ЕУ на Западен Балкан, со акцент на заедничките безбедносни предизвици, како што се странско мешање и манипулација со информации, сајбер закани и последиците од руската агресија врз Украина, како и соработката во меѓународните организации“, вели Борељ во соопштението.

На состанокот присуствуваа министрите на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK