Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, во Пекинг изјави дека е „нарушена“ меѓусебната доверба меѓу Европската унија (ЕУ) и Кина.
„Довербата е основа на секој човечки однос, а меѓусебната доверба (на Кина и ЕУ) е нарушена“, рече Борел во говорот на престижниот универзитет во Пекинг.
Европскиот функционер додаде дека треба да се работи на враќање на истата.
Борел, исто така, рече дека трговскиот дисбаланс меѓу ЕУ и Кина „не е само квантитативен, туку и квалитативен“.
Според неговото мислење, причина за тоа се тешкотиите со кои се соочуваат европските компании кога сакаат да пристапат на кинескиот пазар.
Борел вчера пристигна во Кина, а на дневен ред на посетата, меѓу другото, се одбраната на европската стратегија за „намалување на ризикот“ и поставувањето на темелите за самитот ЕУ-Кина кон крајот на оваа година.