Борел: Операцијата на Украина во правец на Курск беше сериозен удар за наративот на Путин

Борел-Не-гледаме-светло-на-крајот-од-тунелот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Офанзивната операција на украинската армија во правец на Курск беше сериозен удар врз наративот на лидерот на Руската Федерација, Владимир Путин, оцени високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.


„Украинската офанзива во регионот Курск беше сериозен удар за наративот на рускиот лидер Путин. Укинувањето на ограничувањата за употреба на средства против руската армија, која учествува во агресијата против Украина, во согласност со меѓународното право, ќе имаат неколку важни последици“, напиша тој на платформата Х.

Борел смета дека тоа ќе ја зајакне украинската самоодбрана и ќе ги уништи безбедните места што Русија ги користи за напади и бомбардирања на украинските градови и инфраструктура. Исто така, оваа операција ќе спаси животи и ќе го намали уништувањето во Украина и ќе помогне да се унапредат мировните напори, рече високиот претставник на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK