Борел: Немам сопствен склад за муниција овде во Брисел

zosep-borelj.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија нема „свое складиште за муниција“ за Украина, но гранатите мора да ги достават земјите од алијансата, изјави шефот на дипломатската служба на Европската унија, Жозеп Борел, по пристигнувањето на состанокот на Министрите за одбрана на Европската унија.


„Немам сопствен склад за муниција овде во Брисел“, рече Борел на прашањето дали Брисел може да го исполни ветувањето и да испорача милион артилериски гранати на Украина до март 2024 година.

Тој нагласи дека земјите од ЕУ испорачале над 300.000 гранати во Украина од нивните магацини, а сега „задача на земјите од ЕУ“ е да ја произведат потребната количина муниција и да ја испратат во Украина.

Како што истакна шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус пред средбата во Брисел, Европската унија нема да може да го исполни ветувањето дека навреме ќе му достави милион гранати во Киев. Тој објасни дека од самиот почеток имало мислења дека планот е нереален, поради недоволниот капацитет за производство на муниција.

„И, за жал, се покажа дека тие биле во право“, нагласи тој.

И покрај тоа, сите одговорни моментално се обидуваат да ги забрзаат производните процеси, објасни тој, пренесува Спутник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK