Борел ги покани на средба министрите за надворешни работи на Израел и Палестина

borel1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен и палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малки се поканети да учествуваат на вонредниот состанок на европските министри за надворешни работи, свикан по нападот на Хамас врз Израел.


Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на социјалната мрежа Х објави вест за состанокот.

Борел е во Оман, каде што е со неколку европски министри.

Европскиот функционер свика состанок за попладнево во хибриден формат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK