Борел: Европскиот самит ќе испрати „силна порака“ за единство до Русија

borel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изрази надеж дека состанокот на речиси 50 европски лидери во Молдавија ќе испрати „силна порака“ до Русија.







Самитот, кој се одржува во молдавскиот град Булбоака, на околу 20 километри од украинската граница, треба да покаже дека Европа е обединета во одбраната на меѓународниот поредок, рече тој.

– Важно е оваа порака да стигне до Русија, рече Борел пристигнувајќи на состанокот на кој не се поканети Русија и Белорусија.

Русија не е присутна на состанокот не затоа што организаторите не сакаа да ја поканат, туку затоа што рускиот претседател Владимир Путин ја исклучи својата земја од европската заедница со тоа што започна неоправдана војна против Украина, истакна тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK