Близнаци на возраст од 4 години биле пронајдени мртви во кутија за играчки во семејниот дом во Џексонвил, Флорида. Нивната мајка Сејди Мајерс на Фејсбук напишала дека близнаците Аурора и Келан на 25 август се разбудиле среде ноќ за да си играат, а потоа заспале во кутијата, пренесува „Ен-би-си“.
„Некогаш за време на спиењето, еден од нив сигурно се мрднал или удрил во кутијата и тоа предизвикало затворање на капакот на оваа стара кутија од кедрово дрво“, напиша Мајерс на Фејсбук. „Полека останале без кислород за неколку часа и умреле“, додаде таа.
Мајерс рече дека следното утро таа, нејзиниот сопруг и нивните две најстари деца сфатиле дека близнаците не се во нивните кревети и тогаш нивниот постар брат ги нашол во кутија, пренесуваат американските медиуми.
Four-year-old Florida twins suffocate to death in toy chest, leaving family shattered https://t.co/MGIqLIfDLV pic.twitter.com/odFw4Z9KRF
— New York Post (@nypost) September 5, 2023
„Знаев дека нешто не е во ред, но исто така брзо сфатив дека е предоцна“, напиша Мајерс.
„За мене нема смисла и никогаш нема… Се надевам дека ова сознавање помага на некој начин и се надевам дека веднаш ќе уништите ваквата кутија доколку ја имате дома“, додаде таа.
„Секогаш внимавав децата да не се заклучат внатре, но за жал кутијата е херметички затворена и да не е заклучена“, опиша мајката.
The adored twins had woken up in the early hours to play before pulling toys out of a wooden chest and snuggling up next to each other inside of it. https://t.co/8fiPnoGuVS
— Sky News Australia (@SkyNewsAust) September 5, 2023
Поручник од шерифот во Џексонвил изјави дека децата биле во несвест кога полицијата и брзата помош пристигнале на местото на настанот, и покрај обидите за реанимација, тие биле прогласени за мртви.
„Во овој момент не знаеме дали ова е несреќа или злосторство“, изјави поручникот за „Ен-би-си“.